но (сврз.) - сфати (гл.)

Сакав да речам како досега да не се омажи, но сфатив дека така не треба да се зборува и замолчев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас ништо не разбрав за душата за Рајот Божји каде што е сега Наум, но сфатив дека мора да е некаде многу далеку и дека старичката одамна го нема видено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Филозофот благо се насмевна, но сфати што значеше она вистинска.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зборува насмеан и ние насмеани само мрдаме со глава, а ништо не разбираме, но сфативме дека тој е сопственикот на кафеанчето и не личи на постар од триесетина години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)