но (сврз.) - сака (гл.)

— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турција може и не сака реформи, но сакаат тие што го изработија проектот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не беше бистра, но сакаше да ги употребува рацете и се чувствуваше на свој терен кога беа во прашање машини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прости ми, но сакам да ти го кажам ова сега, кога ти тежат други пранги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но сакав да се сетам; мислам дека и тој така рече на телефонот: рече дека ќе дојде за да се сетиме на нешто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седиме во дворот, на зелената мека трева и убаво ни е. Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- А ти не се плашиш ли? - Па, не знам. Но сакам да видам како е горе. И да погледнам оттаму. Никој досега не погледнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сето тоа беше некаква далечна, магловита слика, можеби настаната како плод на неговата желба да има пушка, но сакаше да верува во неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не гледа во мене, но сака да зборува: Станувам и знам, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)