ни (сврз.) - еден (прид.)

Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Немој, бре Мисајле, не затворај две куќи, го молат луѓето, може да го погодиш, а може и да не го погодиш, а не чини ни едното ни другото, му велат луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ни едното ни другото тогаш за тогаш не можеше да се замисли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Бугарија не го направи ни едното ни другото: не го направи првото, зашто Бугарите се сметкаџии и се готови да си ја земат Македонија ако им ја подари некој, а инаку – ако сака нека биде запустена.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На запад ни една капка бакар, ни еден лимонов водоскок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)