ни (сврз.) - збор (имн.)

Арамијата Луман ни збор повеќе не рече и се изгуби во орманот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стариот Најдо ни збор не му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни збор да ми дојде на уста, ни солза можам да измолам, да пуштам. „Животот е роса, велеше мајка, ќе светне и ќе загине.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Само, - го предупреди дедо Геро, - никому ни збор за оваа работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од никаде ни збор, ни одговор. Секаде темница се натискало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На деда си ни збор не му кажа за тоа што му се случуваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одиме прекутрупа и никој ни збор ни одговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)