лели (сврз.) - вели (гл.)

Сете пари ќе и чуам само за пушки, лели велиш оти ќе ни требат, И уште тука Толе се распаша, го извади ќемерот од Арсланбеј што му го зеде во Старавина со шеесет и пет лири, во кој беше ги сместил и оние од овците од Букри, та ги истури на сакмата и почна да ги брои по десет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро, лели велиш; ајде бакалум. Кажуај шо да правиме!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да појдиме, лели велите, токо дали не ќе нагазиме на некоа потера! — одобри и Стојче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имам троа вересиа да собера и ќе ти и натокма — се пошегува, мислејќи на Јована Сивев, кој му остана должен седумнаесет лири, па продолжи: — Само едно ќе ве молам да му кажите на нашите големи луѓе: да не ми пречат во моите работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ела, мори ќерко - ја викнала царицата ќерка си од одајата, кај што била затворена и плакала - ела овде при мене и при татка ти, и ај нека ти бидит ќеот: еве ќе те свршиме за тоа момче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, лели велиш ти, честити царе - му рекла царицата - да го дајме и толку.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа беа се зговориле умо и к'сметот, почнале да му работат на момчето, и на часот се изитрило и ер што работа ќе ватело, ќе му напредуало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, ај лели велиш ти, мори жено - је рекол мажот - еве јас за првпат ќе ја простам, да ако не ме пориза утре, јас знам што ќотек ќе ја удрам, само ти крепи се, да видиш што ќе патит метлата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еј гиди бабо, со Госпо да го суди, лели велиш и друга кокошка ако имаш, па ќе ти ја изеит - је рекол тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ајде, лели велиш ти - му рекол умо - да му помогниме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си го закопале и му остајле една дуока, за да дишит, дури да доела умирачката и да му ја земит душата, као што си мислел тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чу кадијата тие зборои од музурот што му 'и кажал, малку како да се уверил, ама и како да му притекнало оти рушвет ќе му давал чоеко, чунки разбрал оти бил многу богат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Овде коа сака човек работот, а коа не, не; тамо било инаку: сакаш, нејќиш, со сила те тераат на работа!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го зел кадијата тевтерчето в раце, гледат - многу му дотежнало, се сетил оти има нешто пари внатре, со усул му £ одвиткал трите мушами и отворил првио лис, кога глеат - една мека мамудија залепена, тогај се сетил оти рушвет му давал чорбаџијата со маривет, арно ама кадијата и тој не бил подолен од таквите маривети на чорбаџијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)