колку (сврз.) - еден (зам.)

По напуштањето на Ескимите, симпатичната кукла, нашава беспрекорна убавица, единствената која го повлече веселото срце Дедомразово, беше ти порасна колку една перница.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
До селото пешачевме колку еден час и нешто згора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поседе така, се повртка колку една недела дома и зеде една кола воловска, од Вендиовци, и ја качи мајка на колата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)