како (сврз.) - по (предл.)

Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој, како по обичај, на помалите деца им донесе чоколада, а на Мајка букет цвеќе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навикнат на патетичниот глас А.А., обземен од тивка летаргија, со мислите пренесен во далнините, во среќниот архипелаг на сеќавањето во кој средишно место заземаа Мајка, Татко, семејството, книгите околу нив, од занесот ме будат гласните, како по команда, зборови на К.К.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Мама ме прати, ако имаш две јајца на заем да ми дадеш, дека торта ќе прави“, како по правило ти снемува баш тогаш, а самопослугата ти е далеку по жешкото да го праќаш детето... мозокот ќе му изгори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како бебе се покажа крупно, добродушно и сакаше да заспива со музика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Несомнена е авторовата потреба за патување (во смисла на животен еликсир), неговиот копнеж по дијалог со светот, со другиот (М.Бахтин), соочувањето со културната Другост, притоа, како по правило, повторно ја имплицира временската димензија, овој пат на културно- политичко рамниште.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И јадат како да им е прво јадење, велам, како по долги пости.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А толку ги имам замразено возовите, како по коски да ми врват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги затвори очите во целосното сраснување, избегнувајќи ги надворешните впечатоци, самрачната светлина; одненадеж толку уморна, но сигурна во својата победа, без да ја слави како толку нејзина и толку чекана. Ѝ се пристори дека една од двете слатко плачеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клара беше крај неа, повторувајќи гестови и воздржувања, сега знаеше, како по генерална проба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)