како (сврз.) - тоа (зам.)

Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Да беа живи децата, велам, и тие ќе плачеа за кучето, како тоа што плачеше за нив кога ми умреа, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)