како (сврз.) - оние (зам.)

На старомодната комода, гломазна и непрактична, неколку смешни украси, како оние пазарските пластични кошнички со вештачко цвеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислам оти сите го почитуваа. Само снаата на Дукови, којзнае од кои причини, измисли за него многу срамна работа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А тој беше толку голем. Како оние мазни камења што ги фрлал Крале Марко од Исарот преку Брегалница.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)