како (сврз.) - му (зам.)

Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Сега знаеме како му е на слеп човек. — И на сакат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)