или (сврз.) - евентуално (прил.)

- Како мислиш да се снајдеш? - Да најдам соба со посебен влез или евентуално гарсониера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На ваков начин, висината на казните остана релатив- но непроменета, или евентуално малку беше зголемена, но треба да се има предвид дека, бидејќи износите се наведени во денари, а не во странска валута – па, колку инфлацијата и да е ниска, реалната висина 62 на казните, со текот на времето, би имала тенденција на намалување (чл. 13-14, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)