или (сврз.) - рикање (имн.)

Во градината веќе две недели не е излезен; две недели беше налегната густа магла како тесто; прст пред око не се гледаше; деновите минуваа без да се отворат; дрвјата тонеа како во длабока вода; понекогаш ќе изнуркаа со ветките како давеници што бараат спас; птиците изгладнети летаа низ маглата да бараат храна, а всушност се вртеа во круг; по патот или во селото повремено ќе се чуеше по некој вик на човек или рикање на добиток и ќе исчезнеше како потонат во бездна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)