или (сврз.) - мајка (имн.)

Таа моментално истрпна и се уплаши да не врви некој по улицата да ја види, но во мракот и да врвеше некој, немаше да познае дали е таа или мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги носат носевите на своите баби, дедовци, татковци или мајки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па тоа е, си велам, поголем срам одошто татко ти или мајка ти да те фатат како онанираш со оној животински израз на лицето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој знаеше во кој дел од шумата има мајмуни и се надеваше, ако не татко му, или мајка му, дека било кој друг мајмун ќе го прибере.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И сега се поднасмевна кога се сети на деда си, стариот мудрец, кој, без да го праша него или мајка му, реши да го земе под свое и додека растеше, повеќе му беше другар отколку дедо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога ќе излезе татко или мајка да види кој тропа, кажи се дека идеш од Америка, ама речи дека си од град и оти како на пат ти се расипал автомобилот та не можеш да си одиш до дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во чл. 15 ст. 1 ал. 1 и ал. 2 од овој закон, како исклучок од дискриминација се наведуваат посебната заштита на бремената жена или мајка кај работодавачот и мерките со кои активно се поттикнува вработувањето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А после веќе ќе биде друго, дали Антица при мајка и; или мајка и дома ти, некако тие ќе си прават како што ќе им е згодно.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
_____ 6 За малечката Пелагија постоеше Мама, а тетката Перса за неа стана баба Перса или Мајка Перса, како што ѝ се обраќаше Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само една старица, дали мајка му на Боге или мајка ѝ на Кате, и тие веќе не знаеја, небаре икона слезена од некој ѕид, ги погледна преку рамо и отсутно се брецна: - Кое дете дома седи?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чувај боже да ја видиш сестра ми или мајка ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)