иако (сврз.) - често (прил.)

Ги почитував, иако често имав свое мислење, различно од твоето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам зошто но таа свеќа ме лути иако често и самиот сум палел свеќи заради прочистување на воздухот а и заради атмосфера.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А што е уште поважно, тој сам се имаше хипнотизирано и веруваше дека мачорот го разбира, илузија што не ја применуваше со кокошките, иако често зборуваше со нив, како и тие да имаа моќ за разбирање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште не може да го сака животот помалку од литературата, иако често барал дополнително задоволство во книгите (и читањето) во однос на своето немалку возбудливо секојдневие.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И потем, често и ме биеше, но јас за тоа не смеев никому да кажам, иако често се прашував: од каде таква смелост отец да бие отец?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе европски весници имале дури и редовни рубрики преку кои, иако често воопштено, ги информирале своите читатели за она што се случувало на револуционерен план на овој дел на Балканот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бугарската влада, иако често правела сериозни обиди тоа да го спречи, не секогаш имала успех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако често дивјачки и нецивилизирано напаѓан од официелните критичарски морони, кои, меѓу нас кажано, во филм се разбираат колку нашиот архиепископ во кик-бокс, ТОЈ сепак не се предаде! (Смеење) А како и нема да биде напаѓан?! Како и нема?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот: Дами и господа! Вечерва се собравме на ова прекрасно место за да му одадеме признание на човекот кој еве веќе 15 години (погледнува кон таванот), фала му на Бога, ја тресе и потресува оваа зачмаена средина! (Се слушаат извици на одобрување)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)