иако (сврз.) - точно (прил.)

- Кој? - Рада глумеше изненадување, иако точно знаеше кому му припаѓа овој прекар. - Долгиот!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)