иако (сврз.) - понекогаш (прил.)

Со ова се надевам да претставам поизбалансирана слика на Деридината постмодернистичка мисла, и да покажам дека тој е многу потрадиционален, и позападен, отколку што за него обично се мисли.3 okno.mk | Margina #11-12 [1994] 69 2 Една од карактеристиките споделувани од страна на Дерида и постарите философии е интуитивното, иако понекогаш имплицитно, користење на категориите на појава (appearance) и реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледањето низ појавата на нештата може да бара не само посебен напор, туку исто така и тренинг и експертиза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чувството што може да се добие од литературата е дека, да ги искористиме зборовите на Кристофер Норис (Christopher Norris), постмодернистичките текстови се “како ништо останато во модерната философија, и навистина претставуваат предизвик за целата традиција и себеразбирањето на таа дисциплина”.2 Јас се залагам за тоа дека карактеристиките што им се заеднички на Дерида и на традицијата се помногубројни и позначајни одошто обично се признава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забранетото овошје отсекогаш ѝ беше послатко иако понекогаш имаше и вкус на пелин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Европската историја на литературата во едно се согласува: еуфистите, маниристите, гонгористите, кончетистите и прециозите не биле ниту политички легитимисти ниту религиски конформисти (иако понекогаш се „продавале“ за такви), ниту биле следбеници на било какви утилитаристички етички теории и токму тоа ја фрлало во очајание идеалистичката историографија на 19-иот век!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секојдневното бричење беше навика што Милан не ја напушти и по пензионирањето, исто како што продолжи да се грижи за својата облека, иако понекогаш со денови не се осмелуваше да излезе надвор од бавчата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утрешниот состанок не ветуваше ништо пријатно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние двајцата, брат ми и јас, не ги обожаваме баш овие семејни средби, иако понекогаш се и за нас корисни, кога ќе успееме да постигнеме некој договор во наша полза, или кога ќе договориме некаква заедничка акција, на пример, семејно патување, летовање, купување нешто поскапо и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо.  Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници.  „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски.  За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом го бодреше дека во зафатот ја имаат поткрепата на сите Закинтјани, иако понекогаш ни самиот не беше сосем уверен во тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ТАЈНАТА ВЕЧЕРА -Ако на глава ти се помоча лилјак, ќе оќелавиш - му вели господинот Сенка на Дипигус, вообичаено страшно смеејќи се.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И уште ова: понекогаш господинот Призрак упаѓа во таква специфична состојба што не може да изусти ниту збор; при таквите случаи, кога состанокот на Силите на Доброто веќе е закажан или неопходен, господинот Призрак, во својот замок-музеј, наредбите ги пренесува или со помош на со сенки испишаните букви по ѕидовите, или уште понеобично: со помош на низови од слики (скоро како стрип!) кои доволно јасно (иако понекогаш потполно неја­сно, па доаѓа до хаос!) објаснуваат што всуш­ност (Бедмен, Мики Хаос и Јанус) треба да направат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш ѝ фрлав паричка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента е богата со соништа иако понекогаш тажна со водата што опаѓа не се плови Ноемврските богати магли со што ли ги дојат реките
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)