иако (сврз.) - всушност (мод.)

Во тој момент ние осудените дававме изглед на совршено спокојни луѓе, иако всушност не беше така.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По кратко време, семејството измаршира по невидливите скали зад вратата и излезе во светлиот салон секој со по едно тенџере во рацете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Зошто прашуваш?“ не одговори пак синот на Тајко, иако всушност одговори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па така, мајка ми го извади тефтерчето во кое беше запишан долгиот број на нејзината братучетка и по неколкуте неуспешни обиди да го сврти точниот број, конечно со раката ми сигнализира да замолчам, иако всушност и онака молчев, затоа што телефонот од другата страна на жицата почнал да ѕвони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)