иако (сврз.) - ритуал (имн.)

На авторот му се чини дека никогаш порано не бил толку нестрплив пак да се сретне со Летка. Иако ритуалот беше спазен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)