иако (сврз.) - резултат (имн.)

За чудо, иако резултатите беа лоши, Томо се чувствуваше здраво и силно, што ја збунуваше и Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, компјутерот беше оној што објективно и неумоливо, секој пат како зјапав и трепкав пред екранот, дијагностицираше – далекувидост (што барем со формулацијата е во предност, се тешев, од својата спротивност „кусогледоста“, иако резултатот е ист – ОЧИЛА!).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)