иако (сврз.) - тој (зам.)

По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата –  бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, Кукулев – од инвентарот кој остана во просториите на Радиото – успеа да си наплати само 90.000 МКД (1.500 ЕУР), што горе-долу е само ½ од вкупниот досуден долг!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тој не обрна внимание на тоа дека неговата сегашна, онострана сила, по сè изгледа ѝ соодветствува на неговата некогашна физичка сила, иако тој, исто така, субјективно речиси и не ја чувствува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога дојде Вајда, старецот се однесуваше потполно исто, мирно и придушено.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И не знам пред кого се појави иако тој пред некого од присутните се појави.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Всушност моќта на чипот е пренесена од духовната моќ на човекот иако тој не знае ни како ја добил ни како ја изразува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Едно нешто што му помогнало било убиството на Синан ефенди, одметник, иако тој лично не му ја отсекол главата, како што тврди, туку тоа биле двајца платени луѓе, Есад и Бардуљ, Албанци од Метимир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Хагено се наоѓа во Париз, иако тој е град оддалечен 400 км од него, кај француско-германската граница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто наскоро по тој договор сите постојани посетители на Боцевата берберница ја знаеја неговата тајна, иако тој не можеше да ја сети промената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се надеваме дека, посебно во светлината на тематот за Маниризмот, ќе знаете да ги респектирате "намерните внатрешни ин- кохеренции", и воопшто целата игра на манири толку иманентна за самата уметност, меѓу чии ретки претставници на нашава почва е и господинот Вулкански (иако тој не го сака тој квалификатив, "уметник", но во овој контекст на "манирист", ќе се Добро).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ја толерираше мајка му, но сѐ во врска со Дејв го доведуваше до лудило иако тој по сѐ би требало да биде попристапниот родител.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Колибата не знаеше за часовник, иако тој би можел сосем убаво да послужи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иако утринските сончеви зраци продираа низ прозорчето, иако тој беше буден и знаеше дека треба да стане и да ги врши сите свои задачи, не наоѓаше сили да се извлече од леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во Бога се колнам, дека говорам вистина. Жена сум му, господин судија, на Павел Земанек; барем законски, јас сум му сѐ уште сопруга, иако тој веќе од поодамна не живее со мене и со Здењичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа и не е ништо чудно што за него атентатите завршиле на 29, иако тој слушнал бомби и на 30 април, но тогаш тие, атентаторите, “се бранат фрлајќи бомби против војската, но редовно од неа биват убиени или фатени“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Впрочем, иако тој бил препознаен од директорот на Гимназијата и од старите соученици, продолжил да тврди дека е Георги Манасов, на кое име гласи неговиот пасош“182.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така му зборувал во сонот лично Сотоната на најмудриот, иако тој беше по својот умјаз најдалечен од Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нунета пријателите го признаваа за поет иако тој многу често им говореше за чудни пронајдоци и несфатливи откровенија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иако тој ден ниеднаш не бил тука сосема сам, тој можеше да ги совлада сите работи, што беа негови, и беше среќен од тоа. Можеше да работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време мечката била мирна, ја придушувала во себе таа неиздржлива болка, иако тој на своето лице го сеќавал ужасниот трч што ѝ ја дробел нејзијата грамадна снага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше законот на неговиот живот, иако тој го разбираше и безмалу веќе чиниш го сакаше како некое старо познанство во оваа своја приклештеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исто така, од помош може да биде ако терапевтот запомни дека, иако тој или таа се експерти за употребата на јазикот во разговорите, тој или таа сепак не можат да ги дадат одговорите на животните дилеми на пациентот (Andersen, 1991).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некако допирам до неа, иако тој допир не е опиплив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но мајка ѝ им рекла дека иако тој не лежи тука..., лежи неговата душа и дека нејзе ѝ палат...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цела недела го немаше видено татка си, иако тој не беше никаде заминат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, иако тој дознае, нему, верувај ми, ќе му биде ама баш сеедно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе смени некој грош, бел черек или бела меџудија, ќе им „измие очи", што велеше тој, и од стари, 'рѓосани, ќе светнат, оти човекот клава сребро: ќе платат мариовците, иако тој арчи петдесет драма киселина за сета таа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сега Германија беше спроти него и тие двајца, тој и Германија, го држат диференцијалот кренат; треа да го пренесат некаде, но Германија, дали затоа што не може да ја издржи тежината или затоа што така сака,со намера е да го пушти, да го остави Еда сам со таа тежина, иако тој го држи само на едниот крај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Митко Кривашија, кој како да имаше грижа на совеста што тој поминал само со нешто принудна работа во Преспа, па авторот, како дел од прикаската за Едо Бранов од Битола, му го раскажа и ова: „Јас немам добри зборови за Сврделот“, рече Митко, „иако тој и сестра му се сржта на моите младешки години, во времето додека уште летав со перо праз, како што се вели...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев настојчив, иако тој тоа секогаш го одбиваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ни рекоа дека наскоро ќе почнеме и да пишваме и дека на секј ќе ни дадат по половина молив и по една тетратка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни рече такви како нас, орли, соколи, кажуваше и некои други имиња на пилци, сме само за на фронт, дека ние сме дораснале да ги замениме нашите татковци и браќа што останаа на Грамос и на Вичо, ама имал добиено строга наредба да не не враќа иако тој со големо задоволство би извршил уште една голема задача спрема револуцијата праќајќи не нас на боиштата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На годината беговите го натерале аргат да им биде, иако тој собрал некоја пара да си купи некое нивче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што ни дава право на овој начин да го доведуваме во врска делото на Duchamp со делото на Мајсторот da Vinci, освен желбата да му се препуштиме на задоволството на особено академски споредби, како што тоа неодамно го направи еден американски универзитетски професор (4), и да ги истакнеме неверојатните коинциденции - прашање што не би требало да се поставува бидејќи овде, исто така, се работи за уметник кој, за оние што со него се сретнувале, никогаш не беше она што мислеа дека е, врз кого полагаа право сите авангарди на неговото време, од кубизмот до надреализмот, иако тој им го вртеше грбот и беше потполна спротивност на еден господин Courbet кому може да му се рече „Добар ден!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ибн Тајко чувствуваваше еден вид сожалување за неговите двајца браќа во Блатието, Илми чувствуваше сожалување спрема него, зашто кога ќе му понудеше да му отфикари барем еден преден черек од овенот што му беше најблизу, а овој ќе го одбиеше, иако тој ден баш се погодило, ќе го пофалеше, да има најубаво месо во чаршијата, тој само ќе заклатеше глава: „Тешекур едерам, ибн Тајко, ама зошто сепак не правиме пазар?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е сега, таа беше градена врз темели на рисјанска црква, па долго време, за турски резил, крстот се појавуваше врз градбата, та низамите изутрина го симнуваа, иако тој ноќе пак се појавуваше - но и тоа би и помина, зар не?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)