иако (сврз.) - секој (зам.)

Ако ги очекуваш тоа е во ред, ама ако не знаеш што ќе ти се случи тогаш е многу страшно и опасно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
В не веруваше во Дедо Мраз ниту кога беше дете, иако секоја Нова година наоѓаше подароци под елката.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од филџанот ги изми сите оние работи што не можеше да ги види, иако секое утро, од некоја упорност или по навика, го превртуваше откако ќе го испиeше кафето, трипати го прекрстуваше над газерот, го ставаше на мека салфета, чекаше да се исуши, а потоа десетина минути зјапаше во шарите од исушен талог.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иако секое од нив е важен дел, исполнет со импресии. Жртвата е уште поважна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но чудно беше тоа што иако Голдштајн беше омразен и презиран од сите, иако секој ден и тоа по илјадапати на ден, на платформите, на телекранот, во весниците, во книгите, неговите теории беа побивани, уништувани, исмејувани, изложувани на погледот на јавноста како бедна бесмислица - наспроти сето тоа, неговото влијание изгледаше како никогаш да не се намалува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш таблетите содржат многу големи дози од глав­ното соединение, особено од МDEA, кое што достигнува до 230 милиграми - иако секоја доза над 120 милиграми е бесмислена, зашто таблетата тогаш делува како амфетамин.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)