иако (сврз.) - никој (зам.)

Имено, уште тогаш, уште во пролетта во 1857-та, некои овчари го нашле убиен, и иако никој не знаеше да каже зошто и како, никој и не рече гласно, но сите помислија дека го убил Максим и дека зашто убил пиле, сеедно дали погано или добро, важно пиле, кое ниту му јаде ниту му пие, го стигнала казна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гете воопшто не се почувствувал навреден, дури му рекол дека, иако никој друг не му изрекол таква забелешка, бил согласен со истата и ја сметал за оправдана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сликата што Велветите ја имаа за себе како рокенрол група не ја вклучуваше и Нико - тие едноставно не сакаа да се претворат во нејзин придружен бенд, но, за иронијата да биде поголема, најдобрите песни што Лу некогааш ги напишал беа токму оние што ги направи за Нико - песните како „Femme Fatale” и „Ill Be Your Mirror” и „All Tomorrows Parties” - нејзиниот глас, зборови и звуци кои ги произведуваа Велветите, сето тоа беше магија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Албумот испадна феноменално, класика, иако никој не беше задоволен од него, посебно Нико.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Иако никој не ја разбираше поентата на зборовите на Рада, со кренати чаши наздравија. - За иднината!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И сите по нешто ме потсетуваат на телохранителот на претседателот на Републиката иако никој од нив не е тој.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ќе умрам“, се обидуваше да каже иако никој не го слушаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јадранка продолжи да го вози овој филм, иако никој во автобусот не можеше да го забележи тоа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се договоривме на почеток на година дека нема седење на час со палто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, како што минуваше времето, ѝ стануваше сè потопло и потопло, а потоа сè постудено и постудено, па на крајот си го облече палтенцето, иако никој во одделението не седеше со палто на час.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За време на оброците во трпезаријата бараше од нас да не седнуваме на местата околу неа, затоа што таму треба да седат нејзините деца, и таа ги хранеше: заграбуваше од невидливата храна со невидливи лажици и потоа ја ставаше во невидливите усти, а ги караше оние кои одбиваа да јадат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата на Дора беа постојано со неа, иако никој друг освен неа не успеваше да ги види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)