иако (сврз.) - го (зам.)

Ќе почнам со тоа дека тој всушност се вика Raymond Pilon и роден е тука некаде во околијата на Монтреал, во квебечко-француско семејство, во знакот на Лав. Lazer упатува на ласерски зрак што пробива и најотпорни материјали и ги руши сите пречки, иако го користат и за лекување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Морисеј, на пр., на сличен начин, снимајќи го Далесандро зад грб, ја крие скандалозната содржина иако го има во кадарот (Flesh, Heat).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со ваков став чувствував обврска, од почитување, да се држам подалеку од него, иако го запознав во почетокот на 40-те, а кон крајот на истите напишав музика за неговата секвенца во филмот на Ханс Рихтер “Соништа кои не можат да се купат со пари”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, на среќа, за време на зимските празници 1965-66.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Jasper Johns: Stories and Ideas”, A Year from Monday, стр. 73-84. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 191 Д а не живееше Марсел Дишан, ќе беше потребно да живееше некој потполно налик на него, т.е. да создаде онаков свет каков што почнуваме да го познаваме и доживуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај, акултурацијата се однесува на рутински процес на социјализација што се одвива идентично или речиси идентично во целата конкретна група или во целата конкретна популација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинските културни практики, според ова стандардно поимање на културата, се како јазични структури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како јазикот, кој служи како пример за другите процеси на акултурација, тие обрасци на мислење и на однесување им се втиснуваат на децата уште од раната возраст, било кога намерно се подучуваат на нив, било кога децата едноставно ги впиваат од своите одгледувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се одвива во рамките на сите семејства што претставуваат едно општество или културна единица, така што сите припадници на одредена група на човечко живеење на крајот спонтано ќе бидат, на пример, родени говорители на еден јазик – иако го учеле во различни околности и во малку различни верзии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако го следеше својот флуид се уште до крај не беше сигурна дали со овој „расен“ маж е на иста бранова должина или не.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наеднаш тоа беше толку крајно безразлично. И толку просто, иако го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигор не беше го видувал, иако го познаваше сиот апсанџиски свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- „Како се викаш? -“ ја праша. Марија ѝ го кажа своето име со воздишка на олеснување, а жената не можеше да го најде во списокот, иако го прочита неколкупати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Зар не е можно“, додадов јас, „министерот – иако го поседува писмото, а несомнено дека е така – да го има скриено на друго место, а не во сопствената куќа?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со целата своја појава тој наликуваше на мало дете што израснало крупно, па иако го носеше задолжителниот комбинезон, беше речиси неможно да не се мисли на него како да е облечен во синиот шорц, сивата кошула и црвената шамија на Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Законот од 2007 година, иако го посочуваше министерството за надворешни работи како орган во процедурата за прием на барањето, јасно не ја имаше пропишано неговата улога во процедурата за прием на барањето за засновање на работен однос на странци (чл. 10, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И Елена и Наде, иако го очекуваа тоа - се збунија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога по некое време ја сретна на улица таа, иако го виде, се направи дека не го гледа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чинеше дека со запалката го извлече и она свое објаснување: „Бараат оган на старото место иако го имаат во џебот“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А во оној случај, што го спомнав пред малку, кога ги делкаше и премеруваше оние штички, не успеав да го натерам да појде заедно со татко ми в црква, иако го употребив и најсилниот аргумент.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас не знаев дека е тој дедо Геро, иако го имав слушнано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Не доаѓаш со мене? – ја праша Тања сестра си Вања, иако го знаеше одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не доаѓа предвид – се правеше важна таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од кога се запишав на студии по психологија, пред пет години, иако го забаталив факултетот, струката паушално доста ја практикував во секојдневниот живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)