иако (сврз.) - ги (зам.)

Умре човекот во чии писателски талент не верувал ниту татко му (банкарски чиновник), иако ги собирал сите позитивни критики што излегувале во весниците за неговите творби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја спојуваа забраната за убивање жени (иако ги убивале и ги продавале на макрои) со безочните ритуални верски молитви на својата божица, за добар ајдучки лов во злато и рупии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Историја: иако ги има и на британскиот пазар, сепак се најпопуларни во Соединетите Држави каде барските жаби живеат слободно во природата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе имаше една од најбогатите скопски дискотеки, главно со класична музика, иако ги купи и сите џезерски и шансоњерски плочи кои можеа д се најдат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јана иако ги имаше сите врски и подврски во новосадската болница беше свесна за строгите бирократски процедури врзани за ваквите случаи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас сега немам јазик иако ги знам сите постоечки и непостоечки јазици.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но болката можеше да ѝ понуди перниче термофор со топла вода или перниче за затоплување, како во минатото, за да ја смири, но, иако ги имаше и едното и другого, таа сакаше да ги употреби, не сакаше да го открие тој стар непријател зашто не сакаше да се открие себе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, иако ги преполнуваат ѕидовите, иако ги има на секој чекор - во купчиња по мебелот, на масата, или поединечно расфрлени врз фотелјите, по подот, никој собата не ја нарекува „библиотека“, туку „дневната“ или „големата“.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа направи да се чувствувам како пердув лесна по вагоните, иако ги мразам возовите!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знам да чукам букви по тастатурата, иако ги колвам и Александар ми вели дека личам на кокошка што се храни со букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така парното ми ги топли нозете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама дури ни овој сон на Видина Вејката, иако ги збуни и го запаметија, брезничани не ги вчудовиде зашто тие се имаа изнаслушано ветриви соништа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Слушам, сè слушам и се потврдува мојот став: иако ги викаме - деца - треба да ги прифаќаме како рамноправни личности и според психофизичките способности да им дозволиме да се вклучат во сите проблеми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)