и (сврз.) - немој (чест.)

Совет: внимавајте и немојте никогаш да ги мешате со алкохол, освен ако не сакате да го прекратите животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со здравје синко... - Здравје да имаш, дедо Крсто, и немој да ги жалиш парите зашто ќе имаш внука учена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама ќе процениме ние во штабот дали јас сум во право... продолжувам да читам и немојте да ме прекинувате. Срамота... Молк!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тишина! - викна комесарот. - Ама, најпосле, имајте малку чувство на сериозност и немојте да се смеете со народната помош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Глеј дотерај се у кошуља и немој да изгледаш како сељак - му рече Спасе на трпеливиот Трпе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
МАЛИОТ: Ако е добро, нека биде добро и немој да му солиш…!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Еден моден креатор, девојка што ја познавам, ме бакнува во знак на поздрав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ред, собери се сега и немој да изгледаш како некој спид фрик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И немојте рано да доаѓате, и така уште во пет изутрина има гужва, дојдете подоцна, во 11 часот ќе ве примам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Па, некогаш кога тоа ќе ти се чини природно, прегрни ја, само биди сериозен и немој да изигруваш мангуп.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ведане, те молам, облечи се пристојно и немој да се оддалечуваш од зградата, за половина час имам намера да одам кај Билјана на Славко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во дуќанчето отспротива има јајца колку сакаш. Дајте пари за шест чифта. Тврдо варени, разбра? И немој да ти тупнат некој сматок!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)