и (сврз.) - откога (сврз.)

Понекогаш и откога ќе си легнеа децата, се искрадував и како сенка, како ошумоглавено живинче лунѕав крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Постојува малку, колебајќи се, и откога излегуваат професорите, па си оди дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога се кажуваше како точно да се постапи, по колку да се наплатува и како и според кои дефтери, и откога се додаваше дека преку кажаното “да не се зема ни пара, како ни за отворање на бовчите, така ни за “подароци“ за судиите и другите службеници, или за било што друго и повеќе да не ѝ се додева на споменатата раја“, ферманот продолжуваше:
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само јас знам за нејзиното страдање дури дозна, и откога дозна, дека Стефан е во манастир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)