и (сврз.) - ни (сврз.)

Постојано се фалат и ни брмчат како бумбари околу нас. Најпосле, еден ден тоа ни препука и ни здодеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кафето го пиеја на балконот и ни забранија да слушаме што разговараат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Воспитачот ги запиша нашите имиња и ни рече да се јавиме по неколку дена, кога ќе дојде мајсторот да ни земе мера.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само збива ко коњ, испушта пареа и ни напред, ни назад, нема понатаму одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исполегнавме. Над нас се затворија сите врати и ни пуштија светлина, а пампурот мрдна и само полека се лулаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега го гледаме како се врти со толчникот на сонцето среде чело та ни греат и ни пеат воденици викајќи го класјето на гумно збирајќи го денот на трпеза.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)