и (сврз.) - сал (прил.)

Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сал едноличен шум на стреата како од искони и еден убав мир како пред моите милиони години во библиските шуми додека врне дожд додека чади тревата додека дишам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Боже, го гледам: да му врзам една, не оди; гледа тој а не гледа, очите му се шашливи и сал молчи.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)