и (сврз.) - разбирливо (прил.)

Но дури сега, откако се случи трагедијата, сфаќам дека говорел нешто сосема јасно и разбирливо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сето време тој чувствуваше дека е и право, и разбирливо, она, за што живееше неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што знаеја другите беше јасно само по себе - дека тој се стреми кон извесна рехабилитација, што е сосем природно и разбирливо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)