и (сврз.) - однатре (прил.)

Прозорецот е отворен и однатре удира спарен мирис на тутун, вино и на живи трупови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И однадвор и однатре ми свети: ми ја грее душата, ми поминува ко со рака по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ги одвитка чергите и однатре се истурија бомби и фишеци за пушки.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)