и (сврз.) - небаре (прил.)

Некогаш ни се јавува и небаре запален сноп пченица што се шета низ шумата, ама не ја гори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи ме така молчеше неколку секунди и небаре не го чул прашањето, го сврте погледот и продолжи да свири. * Запис пронајден во скршена гитара
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)