и (сврз.) - навистина (прил.)

И навистина е така. Како да сме во некоја голема продавница.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Залегнатата клица, заразата на еден живот на судири и амбиции од кој бегав и навистина сакав да избегам, се опираше во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Коса ја носеше идејата дека целиот нов култ на млади се појави благодарение на крајот на времето на Рибата и почетокот на времето на Водолијата - и навистина изгледаше дека клинците прифаќаат такво нешто.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше вистински општествен настан во андерграунд светот, бидејќи толпа луѓе од Макс и од нашите филмови беше во него...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И навистина, глетката е импресивна: 16 блока со по 30 декари оранжериска површина, 8 котелни постројки, мазутно стопанство, широка патна мрежа и уште многу други објекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И навистина, прашањето е сериозно и критично.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чесно е тоа, рече Аларах: колку погуста нива - толку побогата жетва...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори: — Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, Толе ја зеде улогата од Ѓорѓија, а и овие се согласија, бидејќи им објасни дека го познава овој крај, а има и свои пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Море, ќе те дера како јаре на стриг, само ако ми падниш некогаш“ — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше. И навистина лошо попадна Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Пред изумот на буквите“, пишува тој во тоа дело, „Бог се објавуваше во хиероглифите; и навистина: што се небото, земјата, човекот, ако не хиероглифи на Неговата слава.“
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И навистина ние не знаеме друга бугарска или друга славјанска покраина што трпела толку многу од честните фанариоти и грчките клефти (пропагандисти) колку што трпи западна Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И навистина; сите ученици се беа групирале пред автобусите и се готвеа за враќање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И навистина, во тој миг птицата излета нагоре, како некој метеор, и се изгуби во воздухот потопен во сончева светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина не можев да се движам и навистина горев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старче, со чемерна замисленост повтори Доце Срменков; воздивнал неутешно, лицето му се збрчкало. - Така е, старец сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крвавата маска на убиениот убиец не била видена ни во ноќна треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби најпосле ќе се издолжи на греда, мислев под мутавот со кој бев покриен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега ги немам пред очиве и навистина не морам и во овие свои денови тука да продолжам да се гризам заради нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И навистина: нов бетон долу, малтерисано, бојлер голем, чешма и туш, само тушот нема рачка, само цревце.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подофицерот е неборец, се колне и навистина личи на полжавче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Свадба рекоа. И навистина така беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги стресов оковите на студот од себе подивен и тежок, и навистина, со олово во себе, успеав да потрчнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И навистина, по крвавиот опис за уништувањето на евразиската армија, со вчудовидувачки бројки за убиените и заробените, уследи соопштението дека, почнувајќи од идната недела, следувањето на чоколада ќе биде намалено од триесет грама на дваесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ја пикна раката во торбата и навистина извади едно маче, кое сега веќе енергично запрета со ноџињата и успеа да му се закачи со ноктињата за ракавот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И навистина, бре луѓе, виа велигденските јајца ем поголеми, ем послатки ми се гледаат, — си го даваше својот суд овчарот Билјаров, стариот дедо Беле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, чупите Ѓуро ги омажи уште со невреме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, дедот Стале го зеде малото Пеце под рака и осумнаесет години го главува момок на манастирот за по шест товари 'рж, две лири пари, опанци и храна да проси по селата за истиот тој свети Илија што му ги прибра нивчињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, ич маана немаше бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина се погоди времето. Пролетен ден со сите свои убавини.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, Ристе помина крај Чебрен, а таму одат секакви страдалници и оставаат што им кабули душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, женските работи се беља по наше Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, само што помина Благовец, Доста напрчи разбој под тремот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа тој ме завика стаклено топче и навистина се прашувам да не станав такво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да не е кич? – се уплашив. - Не е – решително рече мајка ми. – И навистина, многу ми се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нѐ чекаше на задниот влез. Потоа нѐ внесе на горниот дел каде што беше одделот за Вип гости и навистина сепарето го делеа со раперот кој Лима просто го обожаваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стојат на улицата и навистина не знаат што да прават. А така убаво ја беа почнале играта!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)