и (сврз.) - лево (прил.)

Десно и лево од неа имаше два не многу големи конаци, а пред едниот и една манастирска чешма со два чепура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во дното под прозорците и лево, до самата врата миндер, послан и подреден со перничиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)