и (сврз.) - доволно (прил.)

Во секој случај, секоја од трите супер-држави е толку пространа што може да си обезбеди и доволно материјали што ѝ се потребни во сопствените граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога тој ја преземал власта над веќе распаѓачкото царство, имал дваесет и четири години, бил мошне чувствителен, даровит и доволно образован „романтичар“, еден од оние „проблематични“ младешки ликови од галеријата ликови на Понтормо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За среќа, Пелагија и Танаско од рамната земја донесоа и доволно храна, особено пченка и леено свинско. Тоа дури го споделуваа со оние околу себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Братучед ми Герман е паметен, претприемчив и доволно решителен човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ернст, Европеец, беше навикнал да се движи во светот како во свој свет, суреден, добро познат и доволно осмислен.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)