и (сврз.) - верно (прил.)

А тоа, пак, што ќе остане тука, ќе мора да потпише дека ќе биде послушно и верно и тогаш ќе почне едно - крц, крц, крц...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сказанијата измислици се, за разлика од собитијата, кои верно се случиле и верно треба да се преподадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)