и (сврз.) - јужен (прид.)

Зар има поголема близост помеѓу еден Македонец од Источна Македонија и еден – рушчуклија 133а или еден Македонец од Источна и Западна или Северна и Јужна Македонија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Времето на козите течеше бурно во градот и јужната република. Земјата минуваше низ судбоносни и трагични премрежја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Океанија ги опфаќа двете Америки, атлантските острови, вклучувајќи ги и Британските, Австралазија и јужниот дел од Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чанга имаше насобрано и други информации од развиените северни и неразвиените средни и јужни републики за судбината на козите и на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бугарската влада го прифатила тоа барање и во втората половина на април 1941 година, во Македонија, Јужна Србија и на Косово, ја упатила својата Петта армија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)