и (сврз.) - јадар (прид.)

Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Анѓа со ништо не изостана од Јована. Порасна и јадра како него, и убава како него, и умна како него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На средна е доба; и јадра, и сосема здрава, кршна и херојски силна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)