и (сврз.) - чесен (прид.)

ЖЕНА Се бара жена Невина и чесна А да не е од мала Преспа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Пред да ја слушнам неговата реакција, јас охрабрен продолжив: - Фан Ноли уште тврдеше: ги почитувам рисјаните, муслиманите, будистите, протестантите, хебрејците, атеистите... ќе ги почитувам сѐ додека прават добри и чесни работи!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Набљудувај, со тивка и чесна љубопитност.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Разумно и чесно го осудуваше национализмот и кај другите и кај своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Колку убаво“, си мислев. „Колку е убав, благонадежен и чесен човековиот род“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко му Иван бил ситен трговец, трудољубив и чесен велешки граѓанин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што живеев, така сакам и да умрам - скромно и чесно, докрај верен на себеси - сакав да бидам и да останам една целосна личност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Има помеѓу жените такви на кои не можеш да им ги наполниш очите и срцето само со своето другарско и чесно однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме израснаа скромни и чесни родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имав едвај петнаесет години кога забременив. Бев девојче кое не знаеше ништо за забременувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеме ти си умно и чесно дете ... Како и мајка ти ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Леонид: Гордост е да се учителствува тоа е убава и чесна задача, но јас ќе бидам негов воспитувач и водич: Ќе го сторам најмудар и најсмел, затоа што смелиот е подобар во сѐ.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)