и (сврз.) - упорен (прид.)

Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никој од нас не знаеше што всушност бара Филозофот, оти молчалив беше и малкуглаголив, и упорен: она што ќе го намислеше го остваруваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа е лавиринтот живот, во кој ние сме само играчи кои треба да се придржуват на правилата на играта која, всушност, нас нѐ игра за да нѐ тестира колку сме издржливи, колку сме доследни, верни и упорни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Чумата е инаетлива и упорна, арно велиш ќерко”, воздивна попот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)