и (сврз.) - радосен (прид.)

Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Соколе слегува по патчето, жален и радосен едновремено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Двете топло му се заблагодарија на ловецот и радосни направија забава за сите луѓе и животни во шумата.“, заврши мајката.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите беа развеселени и радосни од оваа вест, но и загрижени од тоа кој може да посегне по нивната безмолвна, благовестна Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сето тоа му расправаше сега Белич, сиот пламнат и возбуден од големите и радосни преживеаници што ги чекаат таму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога би било некое питомо живинче, - мислеше сега, сосема слободен и како избеган од некоја стапица во себе, наеднаш наполно лесен и радосен со таа своја ослободеност, - кога би било некое питомо јаренце, мислеше, што си го израснал самиот, тогаш е нешто сосема поинакво и тогаш сигурно би можел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Секој е пророк во своето место”, помислува додека насмевнат од овие лажни спомени што се случиле само во неговите желби, лежи на својата постела, свртен со лицето кон ѕидот и со грб кон својот цимер кој дише воедначено, и како и тој - Виена, го сонува својот дом не во сегашниот, сив и заканувачки замолчан, ами во еден друг, отворен и радосен, кралскоцарски Загреб.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сеќава како, иако не многу опитен сепак внимателен, внимателно одговараше на прашањата од новинарот Зимха Зајден, обликувајќи ги одговорите така што да зрачат со скромност, камуфлирајќи ја амбицијата, а едновремено, пред читателите да ја истакнат неговата неповторлива личност: „Јас бев активен како рабин и предавач во Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шабтај се сети дека таа песна не се пее за Ханука, туку за празникот Песах, а потоа зауши дека нејзината мелодија се меша со нови и нови, сериозни, тажни и весели созвучја од псалми и радосни песни што се пеат по повод различни празници во домовите и по синагогите на иврит, на јидиш, на ладино, на германски, на арапски, на грчки и воопшто, на сите јазици на кои говореле припадниците на избраниот народ на Создателот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејзиното чекање бели книги од Ристо и радосни вести за Ристо заврши со писменцето што ѝ го даде Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кој како се враќаше во својот брлог, потиснат од свои проблеми, ги забораваа внужињата на баба Петра и на дедо Костадин, само Пелагија која нивното враќање во срцето го носеше како неискажан аманет од стаклестиот поглед на бабата Петра, се чувствуваше среќна и радосна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа, пресреќен и радосен, притрча да нѐ гушне. Притрчавме и ние...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го очекувавме плачот на нашето братче или сестриче, за да ги претвори мајчините болки во смирени и радосни извици, нашиот страв во радост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И радосен, зашто кажува како еден силен арамија, Арнаутин, ги мачел сиромашните селани и како тие, во времето по Хуриетот некаде околу 1909 година, му платиле за сето зло што им го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)