и (сврз.) - неизвесен (прид.)

Балканот, во тие бурни и неизвесни времиња, кога се разминуваа империите на фашизмот и на сталинизмот, му личеше на голема судница во која му се судеше на стариот живот, во полза на новиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, нараторот мудро вели: Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев свесен дека за толку голема и неизвесна работа како што е копањето бунар, треба да се има трпение и мудрост и дека јас ќе морам да се усогласам со тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше прекрасна сопруга, вистински сопатник во деликатната мисија, особено во најтешките и неизвесни мигови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но стасаа и бурните и неизвесни времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Притеснети во вечно променливите и неизвесни балкански граници, книгите ни го ширеа просторот, нѐ пренесуваа во далечините.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа станува прв амбасадор во Франција на Македонија, земја со немалку немирна меморија и неизвесни траги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)