и (сврз.) - напуштен (прид.)

Многу често, додека ги влечев вреќичките по плочките во трговскиот центар и се килавев како маченик, во црната темница друштво ми правеа мачките и напуштените кучиња што се грееја во тунелите... и еден млад дечко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)