и (сврз.) - летен (прид.)

Брниклијата ја виде клопката и летна надолу низ аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Птицата се исплаши, и летна, павтајќи со крилјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моите бивши љубовнички, како и летните познаници од земјава и странство, чии адреси ги пронаоѓав во правливите, бележници, беа отпрвин, и покрај честите измени на нивните имиња, најпријатно изненадени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сама проектираше и изведуваше визба во дворот и летна кујна, етапа по етапа, по принципот „клуч на рака“ сама на себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„И Филип ќе оди, да знаеш - супер ќе си поминеме“ „Во оние борови шуми на Малешевските Планини, па и крај вештачкото Беровско Езеро секако е пријатно и летно време“, се обидуваше Влатко да разговара со Теми, која божем незаинтересирана го слушаше разговорот и како да бара нешто меѓу учебниците и тетратките.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но се сети дека е пролет и дека треба да му се радува на сонцето и свежиот воздух, па ги рашири крилата и летна уште повисоко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа ги рашири крилата и летна високо, високо. Оттаму со презир гледаше на гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дваесет, триесет метри или повеќе, нимфите, дријадите и летните водоскоци бликнуваа угоре во неодгатливи хиероглифи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)