и (сврз.) - латински (прид.)

Оттука, сѐ поголем број на британски и северно-американски студенти кои ги читаат преведени делата на грчките и латинските автори, или ја учат значајната проза од деветнаесттиот век или драмските текстови од дваесеттиот век, ги третираат преведените текстови како да се напишани на нивниот јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што студираш? МИРА: Јазици. БОРИС: Извини, си работиш. (Пауза. Мира пишува.) Кои? МИРА: Грчки и латински. БОРИС: Ефкаристо паракало.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како што современите астрономи глобуларните јата на спиралната галаксија, ги нарекле галаксија сомбреро, бидејки со својата форма тие глобуларни јата се слични на шпанско и латинско- американско сомбреро.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се вели дека постојат пет јазика кои биле од најголемо значење за ширење на универзалната култура: стариот кинески, санскритот, арапскиот, старогрчкиот и латинскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во своите (за книжевно-историското истражување на маниризмот) преломни истражувања (поглавјето за маниризам во Европската книжевност и латинскиот среден век, 1953.) Курциус предлага изразот маниризам да се одбере за сите „книжевни тенденции спротивставени на класиката, без оглед на тоа дали ѝ претходат на некоја класика, или ја следат или се временски синхрони“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грчкиот и латинскиот алфабет првобитно се пишувани на тој начин.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)