и (сврз.) - крвав (прид.)

Нападот на владините баталјони, со поддршка на авиони и артилерија - жесток и крвав, во четата направи пустош.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога сака нешто да каже, бидејќи не може, само ќе се изнасмее со некакво зеење, ќе ја зафрли притоа главата назад, и продолжува да влече. Рацете му се канџи, суви и крвави.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вардарецот како нож... и крвав месец над градот што броди по бел облак растегнат како греда од Водно кон исток...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Кој е најјак на светов? да се степаат Кузман и Крвавиот капетан, кој ќе победи?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
(Пие. Откако ќе сврши со пиењето, запева, тешко, со болка, пијано: „Како ќе ја минам мајко, Таа река Вардар, Матна и крвава...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)