и (сврз.) - изнемоштен (прид.)

Оттаму, од најдлбокото, кикотејќи се, како со босилкови кивчиња ги гаѓала ослабеното срце и изнемоштената душа на седнатиот на брегот старец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нѐ истуркаа од камионите и нѐ тераа да трчаме, да клекнуваме и стануваме, да скокаме, а скоро сите бевме стари и изнемоштени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Ова е поради вас, вели и прета со сувите и изнемоштени раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Главно среќаваше поединци и изнемоштени жени и старци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ви пишувам бледен и изнемоштен не толку од животот колку од невидимата власт и сила. Од мртвиот процес. Од безмугрието.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)