и (сврз.) - изгубен (прид.)

Ѕвонливите снегулки, оние истите од првите безбрижни часови, ја прекриваат плашливоста и изгубеното траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мачно ни беше патувањето по патиштата на плачот, на солзите и страдањето, по патиштата од кои немаше враќање, по патиштата на битисувањето и изгубената надеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа преморени и изгубени. „Не ќе се зарадува кога ќе го види пак коњот“ , рече Мануш, откако ја најдоа зоолошката градина затворена. „Кој тоа?“ праша Јанкуло. „Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)