и (сврз.) - замаглен (прид.)

Не можев да не се свртам. Забелот сега беше поинаков, згуснат и замаглен. Онисифор Мечкојад не стоеше меѓу стеблата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеме да излеземе прочистени од загушливите и замаглени секојдневија и повторно во период од неколку неброени часови како неминовна нужност ќе ги заменам улогите, затоа што играта со сопствените чувства и мисли, а не ретко со другите ми причинуваше задоволство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги исправив рамениците и воздивнав за да не паднам со лице врз својата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со не така бистар ум и замаглен поглед ќе го зграпчам и ова утро како секое претходно залудно поминато и секое наредно што без траг ќе помине, без совест ќе ме одмине.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)