и (сврз.) - вешт (прид.)

И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Настојуваше да ги помеша за игра, а картите нови, речиси залепени, тешко се покоруваа на Татковите брзи и вешти прсти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Боб Пелетро, како што го именуваа неговите пријатели, висок, слабникав, со убав профил на тенисер, беше комплетен арабофил, префинет и вешт дипломат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)