и (сврз.) - ваков (прид.)

Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога нервите му беа испокинати по долгите часови сослушување, дури и ваквото преколнување можеше да го натера на тажно липање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Навистина, - рече Французинот вртејќи се кон Англичанецот - се гледа дека во Протоколот има една непрецизност каде што се вели: до, а не заклучно, што дозволува и вакво и такво толкување: да биде опфатен или неопфатен Манастирот во Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По повод доделувањето на титулата, во својата воведна реч академик Гане Тодоровски истакнува: Треба да се гордееме со овие и вакви писатели, коишто се колку наши толку и на други или колку на други толку и наши зашто такви пред Стојан Христов беа и Григор Прличев (грчки и македонски автор) и Коста Рацин (српски и македонски автор) и Никола Вапцаров (бугарски и македонски автор), како и уште многумина други во минатото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Или под работен наслов, прилично крваво, поднаслов, ти се еба мајката од мене и вакви како мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Филозофот во тој миг падна на коленици пред логотетот и вакво слово му изглаголи: „Пречесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДИМИТРИЈА: Ќе има војна. (Пауза.) Ќе има војна. (Пауза.) МАРИЈА: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеше да се прочитаат и вакви плакати: „Да живее козата на соседот”, „Со козите во нови работни победи”, „Смрт на козите, слобода на народот”...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)